Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Келн ја отвори една од најголемите џамии во Европа.
Со отворањето на џамијата , ќе заврши официјалниот дел од посетата на турскиот претседател на Германија. Во текот на денот околу џамијата има силно полициско обезбедување , со цел да се спречи намерата на голема група демонстранти да протестираат против Ердоган за време на свеченоста.
Градењето на џамијата почна во 2009, а ја финансира Унијата за Турско – исламски односи , тесно поврзана со турската власт. Градбата беше проследена со голем број контроверзи , меѓу кои дури и поставувањето на имамите , кои се делегираат од Турција. Првите верници почнаа да ја користат џамијата минатата година , а денеска ќе биде и официјално пуштена во употреба.
Со минаре високо 55 метри и купола со пречник од 36 метри , оваа зграда од бетон и стакло , е една од најголемите џамии во Европа. Има површина од 4 500 метри квадратни , а може да прими илајда верници.
На свеченоста се очекува да присуствува и градоначалничката на Келн , Хенриета Рекер , како и шефот на регионалната влада.