ДИК: До 11 часот излезноста е 8,03%
Од обработени податоци од 92,06% од избирачките места, до 11 часот гласале 8,03% од запишаните гласачи на овие избирачки места, соопштија од ДИК.
Од таму велат дека најголема излезност има во Центар или 13,31 проценти, потоа во Крива Паланка 13,08 отсто и во Карпош 12,51 отсто. До 11 часот најниска е излезноста во Могила 3,16 отсто и Пласница 3,30 отсто.
Пристигнати се досега 7 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 3 се одбиени, а 4 кои се добиени денеска се уште се во обработка.