Возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, утрово околу 6 и 30 часот удрило во заштитната ограда на автопатот Градско – Велес и се превртело.
По незгодата, возачот избегал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца биле повредени. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, а потоа префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.