Мијалков: Сѐ што видовме досега од снимките е во наш прилог
Во Кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за предметот „Тортура“ на СЈО. Обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, и петте „алфи“ во судницата ги гледаат снимките од увидот на МВР при апсењето на Љубе Бошкоски во случајот „Кампања“.
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков рече дека ќе ги гледаат сите докази кои ги предложило обвинителството, пренесува А1 он.
„Можеби има нешто што е во наш прилог, зашто, се’ што видовме досега е во наша корист”, рече Мијалков.
СЈО претходно побара да бидат повлечени дел од снимките од камерата 2 каде се гледа форензичката анализа на дел од доказите во МВР.