Околу 12.00 часот било пријавено дека на локалниот пат Катланово-Бадар во близина на мостот на река Пчиња, имало возило кое излетало од патот со починати лица.
По пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица.
Се работи за 39-годишниот З.Н. од Скопје и 22-годишниот С.П. од Скопје.
Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.