Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за собраниските насилства, на почетокот на денешното судско рочиште ги предупреди некои од обвинетите да не им се јавуваат на сведоците и да не им се закануваат.
„Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат“, рече Кацарска. Таа не прецизираше кој од обвинетите се заканувал. На денешното рочиште за насилниот упад во Собраниетио треба да сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.