25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Кина

25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Кина

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски,  денес го прими  амбасадорот  на  Народна Република Кина во РМ,  г-ѓа Јин Лисиен.

Заменик министерот Жерновски и aмбасадорот Јин разменија писма-честитки по повод јубилејот на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји, упатени од највисоките претставници на државниот врв на двете земји.

На средбата стана збор за перспективите на билатералната соработка, при што заемно беше истакната подготвеноста за нејзино унапредување во областите од заеднички интерес. Беа разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји.

ЗМНР Жерновски: „Особено ми е драго што Кина не ги дели земјите на големи и мали во географска смисла, туку на големи и мали пријатели, а Република Македонија и Народна Република Кина се големи пријатели”.

Треба да знаете
Последни објави