Вчера вечер во 23:30 часот пријавено е дека во трговски центар во Скопје лицата Р.Ф.Б.(58) и Д.В.Е.(54), двајцата од Англија, го нарушиле јавниот ред и мир со физики напад врз А.Ј.(29) и С.Н.(28) од Скопје, информираат од МВР.
По нападот тие побегнале со такси возило, но набргу потоа биле пронајдени и приведени во Полициска станица за понатамошно постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.