Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо поминува низ најтешките моменти во неговата кариера откако беше обвинет за силување.
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот смета дека зад целата афера околу обвинението за силување стои неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, пишува италијански весник.
Роналдо наводно е убеден дека зад сето ова стои лобирањето на Реал и неговиот претседател Флорентино Перез кои на овој начин му се одмаздуваат бидејќи замина во Јувентус.
Според весникот, португалецот тврди дека Реал е одговорен за „аферата за силување“, како и за тоа што годинава не му биле доделени наградите за најдобар играч во Европа и во светот и истите му припаднаа на Лука Модриќ.
Весникот објави дека според Роналдо, Реал стои и зад одлуката за неговиот црвен картон против Валенсија во првото коло од ЛШ.
Поранешната хостеса Кетрин Мајорга со која Роналдо бил виден на забава во Лас Вегас во 2009 година, тврди дека фудбалерот ја силувал во неговиот хотелски апартман и дека дури сега решила да прозбори за тоа, иако ѝ биле платени пари за нејзиното молчење за настаните од таа вечер.