Лентите од бананите се омразена „работа“ на многумина. „Омразата“ кон тие влакна е толкава, што постојат стотина блогови ширум интернетот, кои се посветени исклучиво на нив. А тие влакна, покрај тоа што имаат име, имаат и важна улога во здравјето.
Лентичките се всушност флоеми – сложени растителни ткива и благодарение на нив, бананата додека расте ги добива сите потребни хранливи материи.
„Во однос на остатокот од бананата, овие ленти имаат повеќе хранливи материи“, вели професор по оргнска хемија.
Не само што овие ленти имаат многу влакна, туку имаат и витамин А и витамин Б6.
Секако дека е препорачливо, како што вели тој, да не ги отстранувате лентите од бананата, судејќи по тоа дека се богати со хранливи материи повеќе од сите други овошја.