Разговор Ставрески и Јанкулоска: Вака како што сме тргнале, сите ќе завршиме во затвор
Поранешната прва полицијка Гордана Јанкулоска во еден од телефонските разговори што пред три години ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев со екс министерот за финансии Зоран Ставрески револтирани од се што се случува во партијата и од тоа како што велат „немаат пари за леб, а трошат на чоколадо“, во еден момент вели дека вака како што тргнале, еден ден сите ќе завршат во затвор.