Марин: Рамо до рамо сум со граѓаните на Аеродром,ДУП И10 е донесен од предходната власт
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, по силните критики во јавноста за отпочнувањето на градба на станбен комплекс кај Мајчин дом, излезе на прес конференција и рече дека е на страната на граѓаните и ги поддржува во намерата да протестираат.
Тој рече дека не го сменил мислењето и дека тој не поддржува градба кај Мајчин дом, но како што тврди, и покрај десетиците претставки , Уставен суд сѐ уште не донел решение за ДУП-от и10 кој е предмет на уставна оценка а донесена од предходната општинска власт.
Марин смета дека со неколку негативни коментари на Фејсбук не ја изгубил довербата од жителите на Аеродром што му ја дадоа на последните локални избори.