Направете вкусен турски колач со кора од лимон. Киселкаст и сладок вкус истовремено.
СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 шолја масло
1 шолја кисело млеко
1 шолја млеко
малку сол
1 ½ шолји шеќер
3 шолји брашно
1 кесе ванила
1 кесе прашок за пециво
1 кора од лимон
ПОДГОТОВКА:
Се матат јајцата со мискер и се става малку сол, па по пет минути матење се додава шеќер и се мати уште 5 минути.
Се додава потоа и масло со кисело млеко и млеко.
Се мешаат ванилата и прашок за пециво, се додава брашно и се ставаат во смесата.
Се меша и се ренда кора од лимон.
Се става во плех за куглоф и се пече на загреана рерна на 180 степени.
Првите 20 минути никако не ја отварајте рерната.