Имињата на македонските државјани кои загинаа во Србија
Српските медиуми ги објавуваат имињата на загинатите лица во двата верижни судири на автопатот Белград-Ниш во кои животот го загубија најмалку 7 лица, а над 35 се повредени.
Во несреќата животот го загубиле двајца македонски државјани. Како што јавуваат локалните медиуми, загинатите државјани на Македонија се Бурим Д. и Љуљдим Р. (1981) година.
Во несреќата животот го загубиле и Марија Чајетин (1985) од Белград, Петрик Јан роден 1983 од Војводина. Овие лица загинале во сообраќајката на патот Белград-Ниш.
Животот, во сообраќајната несреќа случена на спротивниот правец Ниш-Белград, го загубила судијката од Апелациониот суд во Крагујевац, Сузана Видановиќ, нејзиниот сопруг Миле Видановиќ, како и возал на товарно моторно возило Пеџа Антонијевиќ (1987).