Обезбедени 84 милиони денари за изградба на водоводна мрежа во Визбегово

Обезбедени 84 милиони денари за изградба на водоводна мрежа во Визбегово

Владата на Република Македонија на редовната седница ја разгледа и усвои информацијата за започнување на повеќегодишна јавна набавка на работи за изградба на водоводна мрежа за делот од Индустриска зона Визбегово, општина Бутел.

Министерството за транспорт и врски е задолжено средствата во износ од 84.240.000,00 денари за реализација на проектот:Изградба на водоводна мрежа за делот од Индустриска зона Визбегово, општина Бутел“ да ги вклучи во буџетските барања за 2019 и 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави