За тоа дека момците се склони кон претерување кога е сексот во прашање, одамна е познато, а новото британско истражување го потврдува тоа.
Момците мислат дека девојките на возраст помеѓу 18 и 29 години, имаат секс 22 пати месечно. Но, се прашувате која е вистината? Само пет пати месечно.
Предвидувањето сепак зависи од годините. Па така, момците помлади од 35 години, мислат дека девојките имаат секс дури 33 пати месечно, додека повозрасните припадници на посилниот пол, веруваат дека точниот одговор е 14.
Девојките се нешто поблиску до реалноста, па веруваат дека магичниот број е 12. Момците исто така во просек имаат секс пет пати месечно, а девојките мислеле дека одговорот се крие во бројот 14.
Како што велат експертите, на овие погрешни претпоставки влијаат медиумите, кои непрестајно пласираат пораки за секс.
Исто така, фактот дека момците се склони да претеруваат, многу зборува за нивното „слабо“ его, кој всушност произлегува од стравот дека девојките имаат повеќе секс од нив.