На овој свет има прекрасни примери за вистински пријателства, но за жал, често ни се случува да се изгориме од луѓе кои само лажно ни се претставуваат како пријатели, а всушност само чекаат можност да ни забијат нож во грб.
За среќа, има знаци кои ги откриваат лажните пријатели и знаци кои лесно можете да ги забележите, а ние денес ви ги претставуваме најважните знаци на кои морате да обрнете внимание.
Премногу се трудат и сакаат да им се допаѓаат на сите
Овие луѓе премногу се трудат да им се допаднат на сите околу себе, затоа што и самите се свесни колку се лицемерни и лажни. Ова е еден од најочигледните знаци, бидејќи едноставно ќе ги гледате како летаат од човек на човек обидувајќи се да ги импресионираат сите. Искрените луѓе и пријатели едноставно секогаш се она што сѐ, без оглед на групата во која се наоѓаат.
Патат за внимание
Не можат да поднесат да не бидат во центар на вниманието. Не само што сакаат да им се допаднат на сите, но мора и постојано сите да им обрнуваат внимание. Ако имате човек во животот кој не може да поднесе вниманието да е на некој друг, тогаш најверојатно ќе си имате проблем со оваа личност.
Секаде каде што ќе стигнат се фалат на цел глас
Ова секако е поврзано со првите две точки. Кога ќе се спојат нивната желба да им се допаднат на сите и фактот дека патат за внимание, тогаш тоа неминовно води кон тоа да се фалат самите себе, секаде каде што ќе стигнат и тоа на цел глас. Сите сакаме понекогаш да се пофалиме за нешто што сме направиле, но ова се луѓе кои се способни да преувеличуваат и да додаваат детали на нивните случки. Овие луѓе обожаваат да се рекламираат.
Не престануваат да озборуваат
Сите понекогаш озборуваме, но за овие луѓе озборувањето е составен дел од нивното секојдневно функционирање. Тие не знаат да разговараат за ништо друго, освен за животите на другите луѓе.
Постојано критикуваат
Овие луѓе не знаат да кажат ниту еден позитивен збор за луѓето. Заслепени од љубомора и завист ќе најдат маана и во најсовршеното нешто. Даваат комплименти и позитивни зборови само кога треба да добијат нешто.