Британското кралско семејство наскоро ќе добие нов член, Меган Маркл, војвотката од Сасекс е бремена. Прекрасната вест ја соопшти Кенсингтонската палата.
Според првичните информации, бебето треба да се роди идната година, на пролет. Веста е соопштена во текот на првата заедничка кралска турнеја, Меган и Хари се на 16-дневно патување низ Австралија и Нов Зеланд.
„Целото семејство е среќно за веста и сите лично им честитаа пред да заминат на нивното патување“, додаваат извори од палатата.
Досега се шпекулираше за бременоста на 37-годишната Меган, а сега веста официјално е потврдена.