Адеми: Подавањето рака за помирување не значи амнестијаМинистерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми на својот Фејсбук профил демантираше дека Заев понудил амнестија за крвавите настани од 27 април, по веста која се прошири на дел од медиумите. Премиерот во своето излагање пред пратениците повика на обединување и рече дека пружиле рака за помирување, што беше протолкувано како понуда за амнесија. Адеми побрза да објасни дека не станува збор за амнестија и дека помирување не значи и амнестирање.