Генералниот секретар на Светската кошаркарска организација (ФИБА), Патрик Бауман, ненадејно почина на 51 година. Оваа вест пристигна од Олимписките игри за млади кои се одржуваат во Буенос Аирес, Аргентина.
Бауман, кој е од Швајцарија, од 1994 година е постојано во спортските раководства, започнувајќи најпрвин како дел од раководството на ФИБА во 1994 година, за да потоа стигне до генерален секретар на ФИБА, па во 2007 година, да стане член на Меѓународниот олимписки комитет.
Неговото професионално портфолио го започна како адвокат во Женева. Бауман се залагаше и беше против користење на недозволени средства како член на Светската антидопинг организација.