Данев: Гласав на референдумот, но нема да гласам за уставни промени
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, кој беше еден до ретките опозициски функционери кои активно учествуваа на референдумот за Договорот од Преспа, на денешната парламентарна седница повтори дека нема да гласа за промена на Уставот.
Jас не сум експерт по меѓународно и уставно право, но од разговори со нив јасно е дека овој договор е штетен по македонските национални интереси. Точно е дека договорот ги отвора вратите кон НАТО и обезбедува извесна иднина за влез во ЕУ. И на ниеден начин не сакав да влијаам врз одлуката на граѓаните на референдумот, бидејќи тоа беше прашање за граѓаните и нивните семејства и идните генерации. Но, овој референдум и ДИК го прогласи за неуспешен и како пратеник кој дал заклетва дека ќе го штити Уставот немам ни можност ни волја да гласам против граѓаните, рече Данев.