Освен што е вкусен и задолжителен во многу јадења, младиот кромид е и многу важен за здравјето. Еве за што е корисен, покрај тоа што е одличен за нашиот имунитет.
Младиот кромид е исклучително здрав и помага при бројни здравствени проблеми, што би требало да ве наведе да го консумирате дури и ако не го сакате неговиот мирис и вкус. Издвоивме три рецепти за проблеми кои овој зеленчук успешно ги решава.
Воспалено грло
Исецкајте го кромидот на парчиња, додадете изрендан ѓумбир и сол, па сето тоа ставете го во платнена крпа и потоа загрејте го. Вака стоплената крпа ставете ја во уште една крпа или пешкир, а потоа ставете ја на воспаленото подрачје (грлото, градите, дланките или грбот).
Отечени нозе
Младиот кромид варете го неколку минути. Со блендер изблендирајте го и ако е потребно додадете малку вода и мешајте се додека смесата не се претвори во паста. Добиената паста намачкајте ја на отечените нозе. Овој рецепт се користи веќе стотина години и многу е делотворен.
Кивавица или непрекинато течење на носот
Изгмечете го младиот кромид и со неговиот сок натопете парче памук. Натопеното парче памук ставете го на носот и подрачјето на синусите.