Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 26 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушта постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.