Од утре се затвора комплексот Македонско село во Нерези
Комплексот “Македонско село“ од утре престанува да работи, соопшти утрово менаџментот преку својата Фејсбук страница.
„Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, стои во кусата порака на Фејсбук.
Комплексот го сочинуваат 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора. Инвестицијата вредна 6,5 милиони евра се наоѓа наспроти манастирот Св. Пантелејмон во Нерези, а нејзин концесионер е некогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Одлуката донесена од менаџментот на комплексот е соопштена преку социјалните мрежи.