Според најновите истражувања, премалку сон може да доведе до здравствени проблеми, но тоа истото важи и за прекумерното спиење. Поточно, какви било абнормалности поврзани со спиењето можат да влијаат на функцијата на вашиот мозок.
Истражувањето опфати повеќе од 40.000 луѓе ширум светот кои исполнија онлајн анкета и серија на тестови за ментални способности како што се образложување, паметење и вербални вештини.
Оние кои спиеле од седум до осум часа во текот на ноќта биле подобри од оние кои повеќе или помалку спиеле, покажуваат прелиминарните резултати од истражувањето. Половината од учесниците се изјаснија дека обично спијат помалку од 6,3 часа навечер.
Истражувачите забележа низа на изненадувачки резултати.
Луѓето кои спијат четири часа или помалку изгледале до девет години постаро, а количината на сон поврзана за најдобрите резултати била еднаква за сите возрасти.
Размислувањето и вербалните способности се две ментални вештини кои се силно погодени со абнормалности во врска со спиењето, додека губењето на меморија е промена на која количината на сон не влијае.
„Откривме дека оптималната количина на сон за зачувување на максималните функции на вашиот мозок изнесува од седум до осум часа секоја ноќ и тоа одговара на она што докторите најчесто ќе ви го кажат кога е во прашање просечното траење на спиењето“, изјави лидерот на истражувањето.
Истражувањето е објавено во медицински журнал