Од сабота следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во текот на следната недела нè очекува променливо облачно време со услови за дожд и пад на температурите. Во среда утринската температура ќе падне до минус еден под нулата.