СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ покажува огромна нервоза и безочно лаже, ќе поднесеме тужба
Пратеничката група на СДСМ ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека биле вршени притисоци и закани. Рече дека ваквите лаги се смислени од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
„За невистините ќе поднесеме и соодветни тужби. Овие огромни лаги од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ги докажат на суд. Ваквото однесување на Христијан Мицкоски ги помина сите граници, ова е нездраво и ненормално особено на човек кој е генерален секретар на најголемата опозициска партија. Новинари, вие сте цел ден во Собранието, гледавте дека пратениците слободно се движеа низ собранските ходници. Анитизападното ракводство не бира средства со кој ќе ја блокира иднината на граѓаните на Македонија. Мицкоски и Груевски немаат љубов кон Македонија, бидејќи тие едноставно љубат криминал. Тие се за сиромаштија и криминал, ние сме за граѓаните на Македонија за иднинаа, просперитет, економија“, рече Костадинов.
Костадинов ги повика пратенците на ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат одговорно и да се спротивстават на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно вакво однесување нема да ја закочи иднината на Македонија кон ЕУ и НАТО, без разлика на тоа што не им се допаѓа на Мицкоски и Груевски.