Ципрас: Честитки, пријателе Зоран Заев!
На неполн час по одлуката на Собранието за отворање на процесот на уставни промени, на социјалните мрежи стасуваат честитки од Европа и регионот.
Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск испрати на Твитер порака на македонски: “Еден глас еден голем чекор поблиску до заземање на местото кое ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница”.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на колегата Зоран Заев на овој успех и на Твитер напиша:
“Честитки за мојот пријател Зоран Заев! Вечерашното гласање е голем чекор напред кон нашиот заеднички успех. Многу важен чекор за мирна и просперитетна иднина за нашите народи!”
Честитки стасаа и од нашиот прв сосед Косово. Претседателот Хашим Тачи на англиски им честиташе на Владата и на народот на Македонија за големиот напредок кон НАТО и ЕУ интеграција благодарение на гласањето во Собранието: “Косово и целиот регион ќе бидат побезбедни и попосперитетни со Скопје и Атина кои го покажуваат патот напред”.
Беџет Пацоли, шефот на косовската дипломатија нашиша:
“Ја поздравувам историската одлука на Парламентот на Македонија за Договорот помеѓу Македонија и Грција. Мој аплауз за пратениците за нивната храброст за тргнат напред кон евро-атлантската иднина на Македонија. Честитки за премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров. Напредокот на нашите соседи е и наш!”