Словачката полиција бара тројца Македонци- со пленот се сликале на Фејсбук

Словачката полиција бара тројца Македонци- со пленот се сликале на Фејсбук

Полицијата на Република Словачка на својот Фејсбук профил објави дека е во потрага по двајца од тројцата државјани на Македонија кои пред неколку дена во селото Водеради, Словачка, ограбиле поштари. Станува збор за Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42).

Tројцата се осомничени за грабеж, и се соочуваат со затворска казна од 7 до 12 години.

Критичното утро Горан останал во автомобилот, а неговите двајца пријатели во заседа ги чекале поштарите. Во моментот кога ги забележале, разбојниците ги турнале, ги испрскале со спреј по очите и им се заканувале дека ќе употребат пушка. Ги зеле парите и заминале со автомобилот, но полицијата веќе ќе следела. Двајца од нив скокнале од возилото и успеале да избегаат. Горан продолжил да вози, а подоцна неговиот автомобил бил пронјаден од полицијата. Наредниот ден полицијата го уапсила Славчо, пренесе МКД.МК.

 

Треба да знаете
Последни објави