Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени
Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците. Исмајлоска-Старова вели дека потапила според сопственото убедување, а ги отфрла шепкулациите дека добивала закани за да гласа.
„Гласав за отворање на Уставот, токму за да придонесам кон подобрувањето на решенијата, а со тоа и да помогнам за процесот. Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката којашто ја донесов во македонското Собрание. Мојата постапка е исклучиво водена од желбата за просперитет на Македонија“, вели Исмајлоска-Старова.
Пратеничката не сакаше да ја коментира одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја исфрлат од партијата, но вели дека е убедена во фактот дека придонела за подобро утре на државата.
„Не сум загрижена за својата безбедност, особено не, бидејќи постојано добивам поддршка од граѓаните, меѓу кои моите сопартијци се најбројни. Во политиката, како најважен дел од животот на народните избраници, има моменти во кои мора да се донесат и тешки одлуки“, додава пратеничката Исмајлоска-Старова.
Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова повтори дека доколку Владата подаде рака и ги прифати барањата на осумте пратеници за дополнување на амандманите, таа ќе гласа и за уставните измени.
За повеќе од текстот на следниот линк