Зајакнете го вашиот имунитет со овој чај!

Не чекајте да ви протече носот, да ве заболи грлото и да добиете температура, туку редно време е да ги послушате лекарите кои препорачуваат консумација на билни чаеви како превентива. Овој чај кој го зајакнува имунитетот е лесен за подготовка, а се состои од камилица, босилек и жалфија.

Времето е променливо, постојат сончеви, дождливи и ветровити денови, а сето тоа особено влијае на имунитетот. Осцилациите во температурата, неадекватното облекување и нерасположеностa во тмурните денови можат да ве доведат до болести бидејќи организмот има послаба одбрамбена моќ.

Не чекајте да ви протече носот, да ве заболи грлото и да добиете температура, туку навремено консумирајте го овој превентивен чај.

Најделотворниот чај за јакнење на имунитетот лесно се подготвува. Помешајте една лажица камилица, босилек и жалфија, прелијте ги со 3 дл топла вода. Оставете ги така неколку минути да отстојат и процедете ја течноста.

Кога чајот ќе биде доволно изладен може да го пиете, додавајќи малку мед и малку цимет. Овој топол и здрав чај ќе ве загрее и ќе направи да заборавите на марамчињата за носот оваа зима. Освен тоа, ќе ве ослободи од напнатоста и секојдневниот стрес.

Треба да знаете
Последни објави