Отворен најдолгиот мост преку море во светот
Кинескиот претседател Си Џинпинг и официјално го отвори најголемиот мост преку море во светот, проект кој го поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина.
Мостот е долг 55 километри, а се менува со подморски тунел.
Мостот за сообраќај ќе биде отворен во среда, а неговата градба чинеше околу 20 милјарди долари.
Мостот ќе поврзе дури 11 градови, на подрачјето на кое живеат 68 милони луѓе. Ќе се скрати патот меѓу два града од 3 часа на 30 минути. Мостот е изграден така што може да издржи земјотрес со магнитуда од 8 степени според Рихтер, а во него се вградени 400,000 тони челик.
Изградбата на мостот почна во 2009 година, а ја одбележа пречекорување на рокови, пробивање на буџетот, обвинувања за корупција и загинување на работници.
Властите очекуваат ова градежно чудо да ја поттикне трговијата благодарение на приближувањето на двата брега.