Откако едно најново истражување, покажа дека просечниот пенис во САД е за 2,45 сантимери помал од минималната должина од 16,9 сантиметри по која се водат производителите на кондоми, Службата за контрола на храна и лекови на САД одобри производство на помали кондоми.
Истражувањето на Универзитет во Индијана спроведено во 2014 година на 1.661 Американци покажа дека просечниот пенис во земјата е долг 14,1 сантиметри.
Најдолгиот пенис во истражувањето бил долг 25,9 сантиметри, а најмалиот 4,06 сантиметри.
Според Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), само околу една третина од Американците користат кондоми, а погрешната величина, што предизвикува лизгање, се наведува како главна причина да не се користи овој тип на заштита од сексуално преносливи болести и непланирана бременост.
Како реакција на овие сознанија, одобри производство и продажба на помали кондоми во земјата.
Иако поголемите брендови за кондоми уште се немаат адаптирано на различните потреби во пракса, кoмпанија почна да нуди кондоми во 60 величини, со должини од 12,4 до 23,8 сантиметри.