Се фотографирал гол во када со ќерката, а сега целиот свет го осудува дека е педофил
Данскиот комичар Торбен Крис се фотографирал гол во кадата заедно со својата ќерка, а сликата ја објавил на Фејсбук. Овој потег наиде на лавина коментари на социјалните мрежи, а наскоро може да биде етикетиран и како педофил!
Крис се најде на мета на многубројни критичари кои сметаат дека односот на овој татко со ќерката е недопуштлив.
– Некој ми кажа дека би можел да бидам обвинет за педофилија, бидејќи сум се фотографирал гол во кадата со ќерка ми. За мене тоа навистина не е јасно, изјавил таткото кога ги слушнал критиките од целиот свет.
Тој, исто така навел дека нема ништо лошо таткото да биде гол пред својата ќерка и обратно.
– Дозволено е таткото да ја избања ќерката и да и ги допира интимните делови на телото. Не мора тоа да го прави само мајката. Ние сме родени голи, не со облека. Тоа е природно, а не одвратно, завршил данскиот комичар.