Резултатите од ново истражување покажуваат дека комбинацијата од кафе и алкохол е многу штетна за организмот.
Кафето е стимулант кој го буди организмот и го прави свесен за околните работи, додека алкохолот помага за ослободување на допамин. Но, алкохолот исто така го стимулира и производството на хемикалија која делува како седатив. Затоа луѓето под дејство на алкохол често се чувствуваат уморно и паѓаат.
„Јас ја нарекувам комбинацијата „совршена бура“, вели доктор од училиште , која ја истражуваше интеракцијата меѓу кофеинот и алкохолот.
„Кога консумирате кафе стекнувате чувство дека ве отрезнува бидејќи се чувствувате пофокусирани, но алкохолот и натаму делува на ист начин. Затоа делувањето на овие два напитоци се меша и тоа може да предизвика многу лоши последици“, вели експерт од академијата за нутриционизам и диета.
Според експертите, најдобар начин за отрезнување е да оставите алкохолот природно самиот да се отстрани од организмот.
Времето за трезнење е различно за секого, а научниците тврдат дека за трезнење од еден пијалак е потребно еден час. Ако сте испиле 5 пијалаци ќе бидат потребни пет часа за да се отрезните.