Заев на средба со новата пратеничка група, за усогласување на уставните амандмани
Во Собранието на Република Македонија во тек е средба на премиерот Зоран Заев, министрите за надворешни работи и за правда, Никола Димитров и Рената Дескоска со осумтемина пратеници од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” кои гласаа „за” пристапување кон уставни измени.
По завршувањето на средбата најавена е изјава на премиерот Заев.
На средбата ќе стане збор за нацрт-амандманите на Уставот со барањата на пратениците, но најверојатно и за Комисијата за помирување.
Пратениците ја потврдија средбата и посочија дека ќе се разговара за уставните амандмани во согласност со нивните барања за зајакнување на идентитетот, за одложена примена на името Република Северна Македонија по влезот на ЕУ и за ништовност на уставните измени доколку Грција не ја ратификува спогодбата.