За чистење на црниот дроб и исфрлање на непотребните токсини и маснотии, потребна ни е исхрана која ќе ни помогне во тоа.
Сепак, постои еден напиток кој има огромна моќ да го исчисти нашиот црн дроб, а со тоа и да ни овозможи подобро здравје и расположение.
Потребни состојки:
6 лимони
½ литар чиста вода
1 парче ѓумбир
4 чешниња лук
1 исцеден грејпфрут
2-3 свежи лимети
Малку ким
Начин на подготовка:
Исчистете ги ѓумбирот и белиот лук и заедно со лимонот исечете ги на кришки. Внимавајте лимонот да е добро измиен претходно.
Ставете ги сите состојки заедно во блендер и измиксирајте добро. Потоа, смесата ставете ја во тенџере и прелијте ја со вода. Кога смесата ќе се извари, тргнете го тенџерето од оган, оставете да се олади, а потоа исцедете го напитокот.
Пијте го секој ден додека имате од смесата. Започнувајте го денот со него.