Сензуалните бакнежи наутро, пред воопшто да станете од кревет е нешто што веројатно се случува само на филмовите. Затоа, силниот здив сигурно не е нешто со кое би му пришле на било кој наутро, а камоли на партнерот или партнерката.
Иако една од логичните причини е тоа што не сме ги измиле забите околу осум часа, постојат уште фактори кои потпомагаат за да настане оваа непријатна појава.
Колку устата ни е посува, поголеми се шансите здивот да ни е лош. Дишењето на уста, ‘рчење и користење одредени лекови дури го зголемуваат лошиот здив, така што дополнително ја сушат устата.
Доктор по дентална медицина и протетичар од Менхетен, објаснил дека сето тоа доаѓа од недостаток на лачење на плунка, која инаку служи за чистење на бактериите кои го предизвикуваат лошиот здив.
Понекогаш може да укаже на болест
„Иако воглавно не е нешто за што треба да се грижиме, во некои ситуации, позади необично силниот и непријатен здив, може да се крие некој здравствен проблем. Често тоа се проблеми со непцата, кои повторно се поврзани со срцевите проблеми. Тие исто така можат да бидат и инфекции како што е гноен чир или гастроентеролошки проблеми“, вели докторот.
Ако сакате да се ослободите од тој непријатниот здив, задолжително исчистете ги забите со конец и темелно измијте ги пред спиење. Обратете се на лекар доколку забележите дека не исчезнува.
Мала алатка за подобар здив
Бидејќи токму на него се наоѓаат најголем број на бактерии, докторот предлага да го чистите јазикот со четка две до три минути и користење на безалкохолна вода за плакнење. Најважно е редовно да посетувате заболекар, кој може да помогне околу другите состојби кои би можеле да предизвикаат лош здив и распаѓање на забите.