(Фото) Уште едно ѕвездено небо за Тоше

Уште едно ѕвездено небо за Тоше

Околу 3.000 фанови од земјава и од регионот ги пееја најголемите хитови на Тоше Проески на концертот што вечерва во негова чест се одржа во ВИП Арената „Борис Трајковски“. На концертот беа промовирани два спота од досега необјавените песни на Проески, а кои се на албумот „Secret place“ на кој има седум сосема нови песни, и 3 демо верзии.


Концертот е во организација на „Фондација Тодор Проески“, од каде што соопштија дека со овој настан продолжува хуманата мисија на Тоше, па парите од концертот се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

На концертот настапија голем број домашни и балкански музички ѕвезди, како и Кристијан Ристески, внукот на Проески, кој во живо ја испеа неговата песна „We are blood“, посветена на неговиот вујко. Каролина Гочева, пак, вечерва за прв пат во негов чест сама го отпеа дуетот со Тоше, хитот „Немир“.

На песната „Полско цвеќе“ публиката со своите телефони го направи ѕвезденото него што Тоше секогаш го бараше на неговите концерти.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави