Полицијата запленила околу 80 килограми марихуана од штипјанец, кој со велосипед разнесувал помали количини од дрогата. Шверцерот бил уапсен завера на регионалниот пат Штип- Плачковица, кај село Стар Караорман.
Според Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип, полициски службеници го запреле Б.С.(40), кој се движел со велосипед и при извршениот преглед кај него се пронајдени се две најлонски кеси во кои имало марихуана со вкупна тежина од околу 3 килограми, како и осум рачно изработени цигари.
„На 02.11.2018 година извршен е претрес со судска наредба во домот и помошни простории на ул. Сремски Фронт во Штип каде Б.С. живее и пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење. Четириесетгодишниот Б.С. е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Панајотова.“