Масовна тепачка меѓу мигранти, повредени шест лица
Шест лица се повредени во масовна тепачка, кој изби меѓу мигранти во една од халите на фирмата „Мирал“ во Велика Кладуша, јавуваат босански медиуми.
-Денеска, околу 14 часот, во полициската станица Велика Кладуша беше пријавено дека во една од халите, каде што се сместени мигранти, дошло до судир помеѓу поголем број мигранти, изјави Снежана Галиќ, портпаролка на Министертвото за внатрешни работи.
Голем број полицајци беа испратени на местото за повторно воспоставување на јавниот ред и мир.
-Во овој судир, три лица се здобиле со лесни телесни повреди, а три други во моментов се во9 Кантоналната болница, па се уште не ја знаеме квалификацијата на повредите. Засега ситуацијата е под контрола, додаде Галиќ.