Докторска грешка: Ја заразиле со СИДА во болница – Добила оштета од 800.000 евра
25 годишна Гркинка ќе добие оштета од 800 илјади евра поради инфекција со ХИВ вирусот при трансфузија во болница во Солун, јави БТА.
На 1 септември 2005 година жената примила крв од случаен крводарител, кој бил заразен со ХИВ вирусот. Тој дарувал крв првпат во животот. Освен девојката од истата крв добил и 76-годишен маж по извршена срцева операција.
Според судот во Солун болничкиот персонал дозволил сериозна грешка, што нанела штета на пациентот и ја прогласи за виновна болницата која сега треба на девојката да и плати оштета од 800.000 евра.
На суд се најде и Крводарителот поради загрозување на животот на други луѓе со тоа што не навел при дарувањето на крв дека е ХИВ позитивен. Тој е осуден од кривичен суд.