Дуња Иванова и Исмет Вејсели на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика во Тирана

Дуња Иванова и Исмет Вејсели на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика во Тирана

Пијанистката Дуња Иванова и тенорот Исмет Вејсели в четврток ќе одржат целовечерен концерт во концертната сала на Универзитетот за уметност во Тирана, во рамки на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика.

На програмата се дела од современи музички автори: Најман, Сакамото, Еинауди, Глас, Бан, Димушевски, Петровски, Сати, Пуланк, Шенберг, Толе и Сина.

Целта на настанот, организиран од Здружението на албански композитори, е да ја препознае соработката меѓу музичарите од Балканот и развојот на современата музика во регионот.

На овој фестивал, балканските земји ќе бидат промотори на современата музика преку реализација на пет концерти на кои, покрај македонските претставници, ќе настапат и музички уметници од Италија, Словенија и Албанија.

Треба да знаете
Последни објави