Билатерална научна конференција „Македонско-словенечки театарски врски од 1990-до денес”

На Факултетот за драмски уметности – Скопје, денеска во рамки на годинешното издание на „Скомрахи”, ќе се одржи Билатералната научна конференција „Македонско-словенечки театарски врски (од 1990 до денес).

Конференцијата е еден од трите завршни елементи на двегодишниот научен проект финансиран од
Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за научни истражувања на Република Словенија.

Освен конференцијата, ќе биде промовирана веб-страницата за проектот, а третиот елемент/резултат на истражувањето, заедничкиот број на списанијата „Арс Академика” (што го објавуваат заедно Факултетот за драмски уметности -Скопје и Факултетот за музичка уметност – Скопје) и „Амфитеатар” (СЛОГИ и АГФРТ Љубљана, Словенија) ќе биде објавен во текот на декември 2018г. кога проектот и официјално ќе заврши.

-Ова е научен проект кој донесе многу интересни и впечатливи резултати што ќе бидат презентирани на научната конференција, наведуваат организаторите.

Проектот заеднички го работеа Факултетот за драмски уметности – Скопје и Академијата за театар, филм, радио и телевизија од Љубљана.

Треба да знаете
Последни објави