Половина милион евра од Светска банка за анализа на работењето на Министерството за земјоделство

На Република Македонија и претстои сериозен период на развој, период во којшто нашите политики како држава се насочени кон забрзување на евроинтеграцискиот процес. Спроведувањето на овој проект ќе придонесе за зајакнувањето на капацитетите на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се создаде квалитетна администрација и соработка меѓу институциите- вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

 

Европската унија вложува половина милион евра за проект за подобрување и ревидирање на работните процеси на Министерствоо за земјоделство. Денеска и официјално започна проектот ,,Функционална анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, кој е финансиран од ЕУ, а ќе биде спроведен од Светска банка.

-Залагањето на Европската комисија за пристапување во ЕУ до 2025 година, значи дека функционалноста и работните процеси  на Министерството треба да бидат ревидирани и соодветно подобрени. Европската унија за оваа немена има издвоено 500.000 евра, а функционалната анализа се предвидува да заврши до јули 2019 година. Нејзина цел е  да ги дефинира клучните показатели кои влијаат во унапредувањето или ја намалуваат ефективноста и ефикасноста на земјоделството и руралниот сектор- се вели во соопштението од ресорното министерство. Проектот опфаќа анализа на повеќе сегменти на работењето на МЗШВ, односни три структурни активности: формулирање и управување со политики и стратегии, oрганизациска ефективност и управување со ресурси.

На работниот состанок беа презентирани сите активности околу проектот, начинот како ќе спроведува и што ќе бидат крајните придобивки. Министеротза земјоделство Љупчо Николовски посочи дека се работи за исклучително важен проект чија што   цел е зајакнување на капацитетите на ресорното министерство, создавање квалитетна администрација и соработка меѓу институциите, што крајно ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците и за сите граѓани.

-На Република Македонија и претстои сериозен период на развој, период во којшто нашите политики како држава се насочени кон забрзување на евроинтеграцискиот процес. Како министерство, континуирано работиме на прилагодување на земјоделскиот сектор кон европските стандарди. Спроведувањето на овој проект ќе придонесе за зајакнувањето на капацитетите на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се создаде квалитетна администрација и соработка меѓу институциите.- вели Николовски.

Претставникот на Делегацијата на Европска унија, Никола Бертолини, потенцираше дека функционалната анализа е почетна точка за да се анализира дали стручните вработени лица се распределни на соодветни места и дали можат да ги дадат соодвeтни резултати. При тоа Бертолини посочи дека ефикасното спроведување на анализата е важно и за претпистапниот период на земјата во Европската унија.

Директорот за Македонија и Косово на Светска банка Марко Мантованели, објасние дека земјоделството е важен сектор за нашата земја и од аспект на вработувања и од аспект на учество во бруто-домашниот производ и има можност да биде вистински двигател на економскиот раст. Затоа, како што посочи Мантованели, заедно со ЕУ ќе дадат препораки како МЗШВ да ги направи своите политики и услуги поефикасни, за земјоделството како двигател да биде поефикасно.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави