Несреќен крај на потрагата во Гостивар: Девојчето пронајдено мртво во Вардар
Околу 22 часот, од водите на Вардар во гостиварски Балиндол било извлечено телото на малолетно девојче, за кое претходно беше пријавено дека паднало во реката. Според информации од полицијата, телото го пронашле жители на селото, а го извлекле полициски екипи. Девојчето не давало знаци на живот, а лекарите констатирале смрт.
Се очекува на местото да започне увид од Јавен обвинител. Се работи на утврдување на идентитетот на девојчето, кое неофицијално било на возраст од 17 години.