Конференција „Евроинтеграцијата низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти”

Конференција „Евроинтеграцијата низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти”

Дводневна меѓународна конференција „Европската интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти” ќе се одржи денеска и утре во Советот на Град Скопје, во организација на Европското движење во РМ, Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА, Скопје и Здружението на финансиски работници од Велес во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија”.

Целта на конференцијата, како што соопшти ЕДРМ, е да се споделат добрите практики од Македонија, балканскиот регион и земјите од ЕУ за соработката меѓу граѓанските здруженија и локалните власти и улогата на ваквата соработката во процесот на европската интеграција.

Своето искуство ќе го претстават експерти и претставници на локалната и централната власт, претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, меѓународни организации, претставници на академската средина, претприемачи и други претставници од стручната јавност. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 15 експерти од земјите-членки на Централно-европската инцијатива (ЦЕИ), како и од други држави.

Панелите ќе обработуваат различни аспекти на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти, како отвореното владино партнерство во служба на локалната демократија, како и за предусловите за ефикасна соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти, важноста на партнерствата во насока на подобрување на економскиот и социјалниот развој и препознавањето на европските вредности во локалните заедници.

Конференцијата е финансиски поддржана од ЕУ преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015, како и од ЦЕИ.

Треба да знаете
Последни објави