Дебата за владеењето на правото и еднаквоста на верските заедници во Македонија
Панел дискусија на тема „Владеењето на правото и еднаквоста на верските заедници во уставно-правниот систем на Република Македонија” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Фондацијата Конард Аденауери-Програма за владеење на правото во Југоисточна Европа и Правниот факултет „Јустинијан Први”-Скопје.
На настанот ќе биде промовирано учебното помагало за студентите на Правниот факултет „Прирачник за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед во РМ” од авторите проф.Тања Каракамишева Јовановска и доц. Александар Спасеновски, а ќе бидат презентирани и заклучоците од националното истражување „Религијата во образованието”.