Македонски државјанин бил уапсен во неделата во Италија при обид да прошверцува 25 килограми марихуана, информираат тамошните медиуми. Дрогата во неговиот автомобил ја надушкало куче трагач.
Шверцерот бил уапсен во пристаништето во Анкона, кое е најголемото место во Италија за транзит на наркотици. Инспекторите на Финансиската полиција контролирале возила кои допатувале со ферибот од Грција. При претресот користеле специјално обучени кучиња трагачи.
Така за контрола бил издвоен сив автомобил „рено скеник“, сопственост на македонски државјанин, кој сакал да ја искористи гужвата и да се упати кон излезот за градот. На прв поглед немало ништо сомнително, а имало само мал личен багаж во автомобилот. Сепак, германскиот овчр Ака надушкал дрога, па полицијата почнала детален претрес на „реното“.
Во специјално направен бункер во лажното дно кај предните седишта биле откриени 23 пакети марихуана. Дрогата тешка 25 килограми е проценета на најмалку 200.000 евра.
Возачот, македонскиот државјнин на возраст од 50 години е уаспен и е во притвор.