Обичната настинка, осетливите полипи, девијацијата на септумот и алергискиот ринитис можат да предизвикаат блокада на синусите, а за тоа постои природен лек.
Синузитис, односно воспаление на слузокожата на параназалните шуплини, е честа појава кај многумина. Во нормални околности, синусите се полни со воздух. Меѓутоа, кога ќе дојде до блокада, тие се полни со бактерии, течности во кои има вируси, габи и бактерии и сето тоа може да доведе до опасни инфекции.
Главната состојка е јаболков оцет, за кој знаеме дека е полн со витамини, влакна, антиоксиданти и минерали. Тоа го јакне имуниот систем и ја подобрува општата состојба.
Состојки:
Четвртина шолја органски јаболков оцет
Половина шолја органска кокосова вода
Лажица лута црвена пиперка
Свеж исцеден лимон
Лажица органски мед
Подготовка:
Кокосовата вода загрејте ја во тенџере па пресипете ја во шолја. Додајте го јаболковиот оцет и добро промешајте. Оставете да се олади на собна температура, а потоа додајте го медот и црвената пиперка. Повторно добро промешајте, а на крајот додајте го лимоновиот сок и повторно промешајте.
За најдобри резултати, овој напиток консумирајте го на празен стомак, пред појадок или доцна навечер, пред да одите на спиење. Слободно консумирајте го се додека инфекцијата не помине.